Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Заврши преодниот рок во Англија!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Заврши преодниот рок во Англија!

Последен ден од преодниот рок во Англија се се завршува во 18:00 часот, па така денес вниманието е насочено кон Островот следете се што се случува!

– Лукаку денес ќе го комплетира трансферот во Интер. 

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


– Трансферот на Дибала пропаднал во последен момент – се прочитајте тука.

Бруно Фернандеш требаше да биде ѕвезда на преодниот рок, но денес го нема никаде и очигледно нема да се пресели во Англија.

Вилфред Заха во последниот ден од преодниот рок поднесе барање за трансфер го бара Евертон. Фудбалерот денес не тренираше со Кристал Палас.

Евертон и Манчестер Јунајтед преговараат за Маркус Рохо.

– Милан прифати 30 милиони евра од Вулверхемптон за Франк Кеси, но фудбалерот упорно одбива да направи трансфер во Премиер лигата.

– Поранешната голема ѕвезда во Премиер лигата Саидо Берахињо доби отказ во Стоук, интерес за него покажа Зулте Варагем.

Давид Луиз е се сели во Арсенал, барем така најавуваат голем број островски медиуми!

– „Дејли Мејл“ пренесува дека Манчестер Јунајтед се откажал од Марио Манџукиќ, засега како опција за замена за Лукаку се останува Љоренте. Чекаме…

– Засега за Кубо нема место во Реал Мадрид.

Дени Роуз од Тотенхем до крајот на денот би можел да се пресели во Вотфорд.

– Oфицијално: Драговски е нов голман на Фиорентина.

– Тотенхем после неуспешниот обид за доведување на Дибала, прави обид да го доведе Рајан Сесењон од Фулам…

– НЕСТОРОВСКИ ПРОМОВИРАН ВО УДИНЕЗЕ!

Едно од најглупавите претставувања на играч е во режија на Кристал Палас – видео.

– Барнли и Челзи преговараат за Дринквотер.

– Њукасл денес ќе потпише договор со Енди Керол. Напаѓачот успешно ги помина медицинските прегледи.

– Манчестер Сити вчера потпиша со Жоао Кансело од Јувентус, а денес доведе нов талентиран десен бек. Станува збор за 19 годишниот Педро Поро кој доаѓа од Жирона, но веднаш ќе биде проследен на позајмица во Ваљадолид.

– Голем број медиуми започнаа да објавуваат дека после преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон, Маркус Рохо се упатил на промоција во Евертон. Чекаме…

– И менаџерот на Барнли Шон Дајс потврди дека преговараат со Челзи за Дринквотер, договор се уште нема.

– Откриено зошто пропадна трансферот на Манџукиќ во Манчестер Јунајтед.

– Ако Заха го напушти Кристал Палас клубот како негова замена ќе се обиде да го доведе Жан-Кевин Агустин од Лајпциг.

– Бидејќи има само два часа до затварање на преодниот рок Дринквотер ги помина прегледите и сега го чека исходот од преговорите помеѓу Челзи и Барнли.

– Италијанските медиуми пишуваат дека Конте го сака Видал, меѓутоа прво клубот сака да се ослободи од Перишиќ.

– „Талкспорт“ пренесува дека Александар Лаказет и Пјер Емерик Обамејанг ќе потпишат нов договори со Арсенал.

За Давид Луиз нема информации од последната вест дека трансферот е завршен, но има за Киран Тирни овој фудбалер пристигна прегледи после што ќе следи официјалзиција. Трансферот ќе изнесува 27 милиони евра и ќе го направи Тирни најскап фудбалер во шкотскиот фудбал, доаѓа од Селтик.

Готово: Сесењон ги помина прегледите во Тотенхем! Потврда се очекува во секој момент.

Официјално: Исмаил Сар е нов играч на Вотфорд. Рен за неговите услуги доби 35 милиони евра.

– Еве го! Давид Луиз пристигна на комплетирање на трансферот во Арсенал.

– „Скај Спорт“ тврди дека се е завршено – на Заха му пропадна трансферот и останува во Кристал Палас.

Официјално: Лукаку е нов фудбалер на Интер. Интер на Манчестер Јунајтед му плати 65 милиони евра, плус 13 како бонуси.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од претставувањето на Сесењон во Тотенхем.

– Toтенхем одби 14 милиони фунти од Вотфорд за Дени Роуз.

– Официјално: Кристијан Павон од Бока Јуниорс оди на позајмица во ЛА Галакси.

– Интересна информација од Англија: Дени Роуз дури допатувал во тренинг центарот на Вотфорд, но ќе мора да се врати затоа што Тотенхем ги одби сите понуди

– Еве ја и фотографијата од Лукаку во дресот на Интер.

– Oфицијално: Киеран Тирнеј е нов играч на Арсенал.

– Официјално: Енди Керол како слободен фудбалер се врати во Њукасл.

ЗАВРШИ ПРЕОДНИОТ РОК ВО АНГЛИЈА – ЧЕКАМЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ ШТО ОФИЦИЈАЛИЗИРАЛ!

Очекувајте уште потврдени трансфери затоа што се чекаат потврди за документациите.

– Oфицијално: Ло Селсо е играч на Тотенхем!

– Нема договор помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон за Рохо.

– Еве и едно изненадување: Изгледа дека Евертон успеал да го договори Ивоби од Арсенал. Чекаме официјална објава.

– Премиер лигата соопшти дека после завршувањето на преодниот рок се чекаат уште шест трансфери. Еден од нив е Ло Селсо, а другите би требало да се: Давид Луиз, Сесењон, Ивоби…

– Oфицијално: Рајан Сесењон е играч на Тотенхем.

– Уште се чекаат објави за преостанатите четири играчи…

– Oфицијално: Челзи и Барнли се договориле, Дриквотер потпишал.

Ивоби ги минува лекарските прегледи во Лондон тврди новинарот на „Би-Би-Си“, Дејвид Орнстеин…

– Oфицијално: Лестер го купи Денес Прает од Сампдорија за 19 милиони евра.

– Нема информации за Давид Луиз дали Арсенал успеал да обезбеди се што е потребно во предвидениот рок…

– Сите рокови истекоа! За Давид Луиз и Ивоби нема потврда – е сега или трансферите се завршени и нема само објава или пак пропаднале.

– Официјално: Арсенал сепак успеал се да заврши на време, но објавата на нивниот сајт поради некоја причина доцнеше како и да Луиз е нивни играч!

– Евертон дури после нешто повеќе од четири часа од затварањето на трансфер периодот го потврди трансферот на Ивоби.

 

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…