Дома Фудбал Се е готово: Лукаку пристигна на лекарски прегледи!

Се е готово: Лукаку пристигна на лекарски прегледи!

Манчестер Јунајтед го продаде Ромелу Лукаку.

Белгискиот напаѓач силно посакуваше да ја напушти екипата од Олд Трафорд и да потпише за Интер, а таа желба на крајот му се оствари.

Лукаку синоќа во друштво на агентот Федерико Пасторело пристигна во Милано, а денеска ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише петгодишен договор со Нероаѕурите.

Манчестер Јунајтед ќе инкасира 65 милиони евра од овој трансфер, а може да заработи и дополнителни 10 милиони евра низ одредени бонуси.

Исто така, екипата од Олд Трафорд ќе има и пет проценти од наредниот трансфер на белгискиот напаѓач.

Лукаку заминува од Јунајтед после две ипол години и со учинок од 42 постигнати погодоци во 96 настапи за Црвените ѓаволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…