Завршена е една од најдолгите трансфер сапуници ова лето, Ромелу Лукаку официјално е нов фудбалер на Интер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Белгиецот беше голема желба на Антонио Конте, а на крајот после долги преговори стана член на „Нероаурите“.
Откако ги помина лекарските прегледи и потпиша договор со Интер клубот на друштвените мрежи објави кратко видео од Лукаку во црно-синот дрес.
Лукаку во Интер пристигнува за сума од 65 милиони евра плус 13 милиони како бонуси кои се лесно достижни.
Во Милано Лукаку ќе заработува седум милиони евра по сезона.
? | THIS PLAYER…#NotForEveryone @RomeluLukaku9 pic.twitter.com/pDuKLiNS58
— Inter (@Inter) August 8, 2019