Дома Фудбал Кубо воодушеви, но за него нема место во Реал Мадрид

Кубо воодушеви, но за него нема место во Реал Мадрид

Јапонскиот вундеркинд Кубо неодамна потпиша шестгодишен договор со мадридски Реал.

Талентираниот Јапонец играше добро во припремните натпревари. Покажа неверојатен талент, но за него нема место во првиот тим на Зинедин Зидан.

Тој својата прва сезона во Ла Лига ќе ја започне во дресот на Ваљадолид. Раководството на кралскиот клуб одлучи да го испрати на позајмица бидејќи тоа ќе биде многу подобра опција за него.

Па така, Кубо во дресот на Ваљадолид ќе има шанса да се покаже на големата сцена. Нема дилема дека ќе биде добро засилување за овој клуб и дека ќе има шанса да го покаже она што го знае.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок на „Бернабеу“: Алавес го урна Реал, Белингам заврши со црвен картон!

Алавес победи со 2-1 во Мадрид, иако Реал имаше 24 удари и 74.3% посед. Мбапе само намали,…