Трансфер бомба ја потресе НБА малку повеќе од една недела пред затворањето на трансфер прозорецот, откако Блејк Грифин го напушти ЛА Клиперс и се пресели во Детроит.
Во замена, тимот од Калифорнија ќе ги добијат Тобајас Харис, Ејвори Бредли, Бобан Марјановиќ и избори од првиот и вториот круг на драфтот. „Пистонс“ ќе ги земат уште резервите Брајс Џонсон и Вили Рид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Блејк Грифин имаше огромно влијание врз нашата организација, а неговото наследство секогаш ќе биде тука. Промената е тешка, но јас и раководството го правиме тоа во потрага за постигнување на нашата голема цел, а тоа е титулата“, рече сопственикот на Клиперс, Стив Болмер.
Најважно за Клиперси е ослободувањето на средства во селари-капот, откако Грифин минатата сезона потпиша нов петгодишен договор за вкупна вредност од 173 милиони долари.