Дома Македонски спорт Мак ракомет Традицијата е на наша страна: Македонија обично стартува со победа на СП!

Традицијата е на наша страна: Македонија обично стартува со победа на СП!

Македонската ракометна репрезентација денес го игра првиот натпревар на ракометниот Мундијал во Германија и Данска.

Во првиот дуел денес во Минхен денес Македонија ќе ги одмери силите со Јапонија, а доколку се гледа традицијата тогаш „црвено – жолтите“ би требало да стартуваат со победа.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


На досегашните пет Светски првенства на кои настапувале нашите ракометари дури четири пати стартувале со победа.

На три од петте дуели противник ни беше селекцијата на Тунис, од која и го имаме претрпено единствениот пораз во Вараждин 2009 година.

СП 1999 Египет (Каиро): Македонија – Саудиска Арабија 28:21
СП 2009 Хрватска (Вараждин): Македонија – Тунис 24:25
СП 2013 Шпанија (Севиља): Македонија – Чиле 30:28
СП 2015 Катар (Доха): Македонија – Тунис 33:25
СП 2017 Франција (Мец): Македонија – Тунис 34:30

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…