Во страшна сообраќајна несреќа поранешниот шведски ракометар Фредрик Ларсон го загуби животот, пренесоа шведските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според првичните информации Ларсон додека возел велосипед бил удрен од камиот по што починал на самото место.
Дресот на репрезентацијата на Шведска го носеше на едно ЕП и СП, за „Трите круни“ запиша 36 настапи, постигна 52 гола.
Во клупската кариера играше за Шевде, Хамарби, Истад, Савехоф и Алингсас. Во странство настапуваше за шпанскиот Арагон и бундеслигашот Гумерсбах, а кариерата ја заврши пред четири години.