Дома Фудбал Останато Трагедија во Бразил: Во сообраќајна несреќа загина 25-годишен фудбалер

Трагедија во Бразил: Во сообраќајна несреќа загина 25-годишен фудбалер

Тажна вест пристигнува од Бразил, медиумите во оваа земја пренесуваат дека починал Адриано Бололо кој е ѕвезда во својата земја во нивниот „X1“ фудбал.

Бололо починал во сообраќајна несреќа на 25 години. Станува збор за една од најголемите ѕвезди во Бразил во спортот кој најмногу наликуван а футсал, а со екипата на Лабобе дојде до четвртата победа во низа на 28-ми ноември кога одлучил со пријатели Раул Ксаверо, Каја, Жоао Пауло и Де Лоу да оди во Мосоро да гледа друг натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа трагедијата се случија во Форталеза кога се враќале од натпреварите. Еден од пријателите на Бололо со голема брзина од 129 километри на час изгубил контрола и удрил во знакот покрај патот.

Медиумите пишуваат и дека во текот на возењето возачот се забавувал и снимал видеа „ТикТок“ пуштајќи го воланот, нешто кое веројатно придонело да се случи трагедијата.

Бололо починал на лице место, Пауло (возачот) и Де Лу се пуштени на домашно лекување, додека стравствената состојба на Раул и Каја не е позната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…