Дома Фудбал Англија Тотенхем порача: Тоа е неприфатливо, навивачот ќе биде санкциониран

Тотенхем порача: Тоа е неприфатливо, навивачот ќе биде санкциониран

Вчерашниот натпревар помеѓу Арсенал и Тотенхем на некој на некој начин го одбележа и фрлањето банана на теренот од страна на навивачите на Спарс, на кои мета им бил Обамејанг.

Кога габонскиот напаѓач постигна гол за Арсенал кон него биле фрлени неколку банани што предизвика вистински скандал во Англија и веќе е извесно дека Тотенхем ќе биде под истрага на ФА.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За тоа време, Тотенхем одлучи да се огласи со официјално соопштение во кое најостро го осудија навивачот кој тоа го направил.

„Такво однесување е неприфатливо. Навивачот ќе биде санкциониран и ќе му забраниме пристап на стадионот.“ – порачаа од Тотенхем.

Инаку, Обамејанг постигна два гола во победата на Арсенал со резултат 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јасни се деталите за новиот договор на Упамекано со Баерн, постои важен детал

Продолжувањето на договорот на Даио Упамекано со Баерн Минхен веќе е практично сигурно и н…