Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Ковентри Сити со 2:1 во возбудлив натпревар од англискиот Лига куп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Брендон Томас-Асанте постигна гол за англискиот второлигаш во 63. минута за голема радост на публиката во Ковентри Билдинг Арена.
Но, второлигашот не издржа, попушти во последните минути од натпреварот.
Најпрвин Џед Спенс на асистенција на Кулушевски израмни за Спарси на две минути пред крајот, а конечни 2:1 и пласман во осминафиналето обезбеди Џонсон во 92. минута по асистенција на Бентанкур.
Во вториот натпревар Брајтон триумфираше на домашен терен против Вулвс со 3:2 и се пласираше меѓу најдобрите 16 екипи на натпреварувањето.