Барселона денес потпиша нов, петгодишен договор со 18-годишниот Педри. Каталонскиот клуб го обврза со договор до 2026 година во кој има откупна клазула од милијарда евра.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со таа откупна клазула Педри е на врвот во Ла Лига според висината, тука се уште Валверде и Бензема. Барселона очигледно сака долгорочно да ги врзува младите таленти, следни каталонските медиуми ги најавуваат Ансу Фати и Гави.




Листата од топ 10 фудбалери со највисоки откупни клазули е составена само од играчи на Реал Мадрид и Барселона.




ТОП 10 ИГРАЧИ СО НАЈВИСОКИ ОТКУПНИ КЛАЗУЛИ
Педри – Милијарда евра
Федерико Валверде – Милијарда евра
Карим Бензема – Милијарда евра
Давид Алаба – 850 Милиони евра
Антоан Гризман – 800 Милиони евра
Брахим Диаз – 750 Милиони евра
Лука Модриќ – 750 Милиони евра
Винисиус Жуниор – 700 Милиони евра
Марко Асенсио – 700 Милиони евра
Тибо Куртоа – 700 Милиони евра



