Дома Фудбал Останато Тимот на Чави декласиран на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Тимот на Чави декласиран на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Eсперанса Тунис го освои петото место на Светското клупско првенство откако го победи Ал Сад со 6:2.

Катарскиот клуб кој од клупата го предводи легендарниот играч на Барселона, Чави со овој настап само го потврди својот лош настап на овој турнир.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во осминафиналето, Ал-Сад дури после продложенија го совлада Хеингтен од Нова Каледонија со 3:1 иако беа големи фаворити, а потоа во четвртфиналето беа поразени од Монтереј со 3:2.

Против Есперанса Тунис се беше решено во првото полувреме кога овој клуб водеше со 4:1 и имаше играч повеќе. Во продолжение видовме уште три гола, од кои два во мрежата на Ал Сад.

На Чави не му оди најдобро и во првенство бидејќи неговиот Ал-Сад на последните четири натпревари запиша три порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Драмата на иранските фудбалерки: Најголем број се враќаат, неколку остануваат во Австралија

Нетрпеливоста околу судбината на иранските фудбалерки присутни на Азискиот куп во Австрали…