Изненадувањата на Вимблдон продолжија и на вториот натпреварувачки ден, откако беше елиминиран Доминик Тим, додека Федерер рутински стигна до победа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Американецот Сем Квери го победи Тим, кој пред месец дена играше во финалето на Ролан Гарос за два ипол часа (6:7, 7:6, 6:3, 6:0).
Федерер стигна до рутинска победа против Харис, иако го загуби првиот сет. Швајцарецот не почна најдобро, загуби со 3-6 во првиот сет, но следните три ги доби многу убедливо со 6-1, 6-2 и 6-2.
Во следното коло Федерер ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Кларк и Рубин.