Oткако Ерик Тен Хаг ги префрли Роналдо и Хари Мегваер на клупата, Манчестер Јунајтед победи на три натпревари во низа и во денешното дерби со Арсенал влегува со полна самодоверба.




Роналдо во текот на летото се обидуваше да го напушти Манчестер Јунајтед, но на крајот сепак остана.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Под водство на Тен Хаг Роналдо одигра само еден натпревар од првата минута и тоа во поразот од Брентфорд од 4:0. Португалецот од тогаш е на клупата и влегува во завршницата од натпреварите.




„Ќе бидам негов пријател, некогаш и негов учител, зависи од ситуацијата. Како што знаеме ги пропушти припремите и летната турнеа, а без припреми не можеш да играш. Ќе видиме…Неговата минутажа зависи од разни ситуации и од барањата на натпреварот. Секако и од физичката спремност“, изјави Тен Хаг пред дербито со Арсенал.




Во денешниот натпревар се очекува и настап на крилнот напаѓач Антони кој пристигна од Ајакс за 95 милиони евра.