Дома Фудбал Останато Тебас се спротистави на ФИФА: Такво нешто не е потребно

Тебас се спротистави на ФИФА: Такво нешто не е потребно

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас бара од ФИФА да го укине новиот формат на Светското клупско првенство.

За Тебас нема причина да се одржува новата и проширена верзија на Мундијалот за клубови.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На оваа тема Тебас зборуваше пред собранието на Асоцијацијата за европски клубови во Брисел.

„Ваков турнир не е неопходен ниту за играчите, ниту за клубовите или ФИФА. Џани Инфантино добро знаеше дека не ги продаде ТВ правата за цената која ја бараше. Знае дека нема спонзорство и дека лигите и сојузот на играчи не го сакаат ова Светско првенство. Дефнитивно не треба да се одржи“, изјави Тебас.

Според новиот формат Светското клупско првенство ќе се игра како Мундијалот за репрезентации и тоа ќе донесе поголем број натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Млад фудбалер ликвидирал жена, деталите се застрашувачки

Руската фудбалска сцена беше потресена од шокантна вест! 20-годишниот фудбалер Даниил Сека…