Дома Фудбал Италија Татарушану: Лошо беше што Чалханоглу ме познава, Лаутаро добро го анализирав

Татарушану: Лошо беше што Чалханоглу ме познава, Лаутаро добро го анализирав

Голманот Татарушану беше еден од најзаслужните што Милан остана непоразен во вчерашното дерби против Интер.

Татарушану откако еднаш беше совладан од Чалханоглу од пенал, Интер во првото полувреме доби и втор пенал, но тогаш Лаутаро Мартинез не успеа да погоди. Голманот на Милан по натпреварот откри дека Лаутаро добро му бил анализиран.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Лаутаро добро го анализиравме со стручниот штаб затоа што тој е прв изведувач на Интер. Чалханоглу го познавам, но лошо беше што и тој ме познава мене. Секогаш правам се за да му помогнам на тимот, тренирам на највисоко ниво и тука сум кога е потребно“, изјави Татарушану.

Дербито во Милано на крајот заврши без победник 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Влаховиќ го избра следниот клуб

Душан Влаховиќ се најде во фокусот на јавноста откако „Билд“ објави дека Баерн Минхен сери…