Дома Фудбал Останато Талентиран Бразилец избра да настапува за Хрватска

Талентиран Бразилец избра да настапува за Хрватска

Младиот бразилски фудбалер, Рафаел Гомес Сирино или познат како Белињо избра да настапува за Хрватска.

Сирино ги избра „коцкестите“ пред селекцијата на Бразил, а јавноста му предвидува голема кариера. Во овој момент Белињо има 14 години и е фудбалер на Динамо Загреб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во Хрватска тој се нашол со неговиот татко и браќа во потрага по подобар живот и егзистенција.

Агентот на младиот фудбалер истакна дека ако Белињо продолжи во овој ритам во иднина ќе вреди 100 милиони евра и тоа уште како тинејџер. Инаку ако го облече дресот на репрезентацијата на Хрватска ќе стане третиот Бразилец кој играл за „коцкестите“ по Едуардо да Силва и Самир.

Сезонава запиша два настапи во младинскиот тим на Динамо Загреб, меѓутоа така беше поради повредата на рамото која ја имаше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…