Дома Македонски спорт Мак ракомет Суслина меѓу трите ѕвезди на колото и со една од најдобрите одбрани

Суслина меѓу трите ѕвезди на колото и со една од најдобрите одбрани

Искусната голманка на Вардар Ина Суслина, која брилјираше на гостувањето во Норвешка против Ларвик, со една од своите интервенции се најде и во листата на најдобрите 5 одбрани во тековното коло.

Покрај тоа, Русинката доби уште едно признание од ЕХФ за својот извонреден настап, па беше одбрана и меѓу трите ѕвезди на колото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Вардарки“ досега победија на сите три средби од групната фаза и сосема заслужено се предводници на табелата. Во наредното коло кое се игра на стартот на ноември, Вардар е домаќин на Ларвик.

Одбраната на Суслина можете да ја видите ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…