Дома Фудбал Лига на шампиони Суперкомпјутерот пресмета: Еве колку бодови ќе бидат потребни за пласман во следната фаза во новиот формат на ЛШ

Суперкомпјутерот пресмета: Еве колку бодови ќе бидат потребни за пласман во следната фаза во новиот формат на ЛШ

Утре стартува новата сезона во Лигата на шампионите која од оваа година ќе се игра во сосема поинаков формат. Место стандардната групна фаза ќе гледаме лигашки систем во кој сите екипи се во една група, но ќе играат против осум противници.

Секој клуб ќе одигра четири натпревари дома и четири на гостински терен, а најдобрите осум продолжуваат понатаму. Екипите пласирани од 9. до 24. место ќе играат бараж, додека под оваа позиција испаѓаат од Европа.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сега преку системот Ело кој најчесто се користи во шахот е пресметено колку поени се потребни за да се пласира една екипа во следната фаза.

По направени околу 10.000 симулации дојдено е до податок дека за осмото место кое е последно што води во осминафиналто ќе бидат потребни 15 бодови, таков бил резултатот во 43% случаите. Во 30% од случаите потребни биле 16 бодови, а во во 21% 14 бодови.

За плејофот најголем процент на симулации покажале дека се доволни девет бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Италија немаше повеќе трпение – Спалети доби отказ!

Фудбалската репрезентација на Италија остана без селектор бидејќи попладнево стигнуваат ин…