Дома Фудбал Еве колку пари ќе добиваат клубовите во новиот формат од Лигата на шампионите

Еве колку пари ќе добиваат клубовите во новиот формат од Лигата на шампионите

Денеска стартува новата сезона во Лигата на шампионите која се игра и во нов формат.

Во првата лигашка фаза клубовите ќе имаат огромни бонуси. Сите клубови кои учествуваат само за настапот ќе добијат 18.62 милионо евра. До минатата сезона се добиваше по 15.64 милиони евра.

Секоја победа на клубот ќе му носи 2.1 милиони евра, а реми 700.000. За секоја подобра позиција клубот добива по 275.000 евра, додека осумте екипи кои ќе обезбедат директен пласман во нокаут фазата ќе добиваат по два милиони евра.

Екипите кои ќе играат плеј-оф за осминафиналето имаат бонус од еден милион евра, додека за место во осминафиналето ќе се добива 11 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…