Дома Фудбал Останато Судот донесе конечна одлука: ПСЖ ја победи УЕФА!

Судот донесе конечна одлука: ПСЖ ја победи УЕФА!

psg

Пари се Жермен ја победи УЕФА во правната борба откако европската куќа на фудбалот се обиде одново да отвори истрага за трошоците на францускиот клуб поврзани со трансферите.

Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) денес потврди дека ПСЖ се ослободува од обвинувањата за кршење на финансискиот фер плеј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во јуни минатата година истражните органи на УЕФА за финансиска контрола го ослободи ПСЖ од обвиненијата кои се однесуваа на трансферите на Нејмар и Мбапе на кои во ПСЖ потрошија 400 милиони евра.

УЕФА пред четири дена имаше намера повторно да отвори постапка против ПСЖ, но денес ЦАС ја поништи нивната одлука. Причината е непочитувањето на рокот од страна на УЕФА која имаше десет дена да поднесе жалба на првостепената одлука.

Оваа одлука е конечна и УЕФА повеќе не може да се жали што значи дека ПСЖ дефинитивно победи во борбата со УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…