Дома Фудбал Останато Стигна демант лично од Венгер: Тоа се лажни вести (ВИДЕО)

Стигна демант лично од Венгер: Тоа се лажни вести (ВИДЕО)

Се појави информација дека е на чекор од нова работа, но Французинот сега ги демантира таквите информации.

Неодамна „Франс Фудбал“ најави дека Арсен Венгер ќе биде наследникот на Џенаро Гатузо на клупата на Милан.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Популарниот „Професор“ е без ангажман откако по завршувањето на минатата сезона го напушти Арсенал после 22 години поминати во клубот.

Освен со Милан тој се поврзуваше со Монако, Фенербахче, ПСЖ (спортски директор), како и со репрезентацијата на Јапонија, но сега самиот Венгер ги демантираше овие информации.

„Единствено што можам да ви кажам е дека тоа се лажни вести. Доколку потпишев некаде, ќе ви кажав, но тоа не е точно“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…