После олго време официјален натпревар во Серија А вчера одигра и екипата на Фиорентина, противник на „виолетовите“ им беше Бреша и таа средба заврши 1:1.
Во овој натпревар српскиот фудбалер од редовите на Фиорентина, Душан Влаховиќ постигна гол на почетокот на вториот дел, но истиот му беше поништен. Меѓутоа тој се најде во медиумите поради нешто друго.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Влаховиќ неколку минути играше без број на дресот и тоа не беше по негова вина, туку поради економот на клубот од Фиренца.
Талентираниот напаѓач после еден дуел мораше да го промени дресот, но бидејќи на клупата немаше резервен дрес со бројот 28 мораше да облече дрес без број со кој го доигра натпреварот.