Дома Фудбал Италија Спремен е за преселба: Дибала си купи стан во Милано

Спремен е за преселба: Дибала си купи стан во Милано

Иднината на Пауло Дибала е главна тема на Апенините, откако стана јасно дека Аргентинецот ќе го напушти Јувентус како слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Негов приоритет е останување во Италија, а еден негов потег ги разгоре шпекулациите за негова преселба во Милано.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Дибала си купил ексклузивен стан во Милано, и тоа во близина на канцелариите на Интер.

Токму Интер е клубот кој најсилно се поврзува со Дибала и „нероаѕурите“ наводно се во напредни преговори со Аргентинецот.

Вчера се појавија информации дека Дибала после емотивната разделба не сака да се пресели во најголемиот ривал, но купувањето на нов дом во Милано може да се толкука како сигурен знак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јапонците повторно се хит: Славеа гол, па погледнете како ја исчистија улицата за 40 секунди (Видео)

Светот повторно се воодушеви од дисциплината и културата на јапонските навивачи. Како ПАМЕ…