Дома Топ вести Според Меси ова се тројцата кандидати кои можат да стигнат до „Златната топка“

Според Меси ова се тројцата кандидати кои можат да стигнат до „Златната топка“

„Златната топка“ во последните 10 години по „правило“ е наменета само за двајца кандидати: Лионел Меси и Кристиано Роналдо, а оваа сезона веројатно тој тренд и ќе продолжи.

Да потсетиме, во 2007 година Бразилецот Кака го освои ова престижно признание, а од тогаш Аргентинецот и Португалецот си поделија по пет.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Многумина се обидуваат да погодуваат кој би можел да ја прекине нивната доминација, а кандидати навистина има тука се Нејмар, Азар, Кејн, Мбапе….

Меси во разговор за шпанските медиуми откри кои фудбалери според него би можеле да ја прекинат нивната доминација.

„Постојат многу одлични играчи ширум светот кои можат да ја освојат Златната топка. Во последно време тука сме само ние двајца, но играчи како Нејмар, Мбапе и Суарез можат да се наметнат за оваа награда веќе оваа година“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јамал денеска испиша историја во Ла Лига – постави нов рекорд!

Фудбалерите на Барселона го совладаа Виљареал на „Камп Ноу“ со резултат 4:1 во дербито на …