Италијанскиот селектор, Лучијано Спалети потврди дека Мануел Локатели од Јувентус нема да му биде на располагање за претсојните репрезентативни натпревари.
Локатели се пожалил на повреда уште пред доаѓањето, а по направените преглди во тренинг-кампот на Италија било одлучено да се врати во Торино и да почне со рехабилитација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Проблеми со повреди скоро секогаш има и тоа се нормални работи во фудбалот, мора да сте спремни. Удоги го почитувам и не е со нас поради повреда, Локатели дојде и си замина. Исто така на повреди се жалат, Кристанте и Камбијасо, за нив подоцна ќе донесеме одлука“, изјави Спалети.
Како што стојат работите, со новонастанатата ситуација против Македонија би можел да стартува Жоргињо за кого овие натпревари се камбек во националониот тим.