Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солсјкер го заштити професионализмот на Пол Погба, кој нема настап за „црвените ѓаволи“ од септември.
Французинот беше мета на нови критики откако се појави видео како игра баскет во Мајами, каде се рехабилитира од повредата на глуждот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секој играч има право да биде повреден. Погба работи многу добро за да се врати што побрзо. Никој не смее да се сомнева во неговиот професионализам или неговата желба да се врати на терените. Тој е еден од најдобрите играчи за врска во светот и кога ќе се врати ќе биде исто како да сме донесе ново засилување од светска класа и тоа пред отварањето на пазарот“, истакна Солскјер, кој потврди дека е можно Французинот да се врати за мечот со Тотенхем во среда.
„Тој напредува, но ќе видиме кога ќе биде спремен за игра. За во недела нема да биде сигурно. За мечот со Тотенхем не можам да казам, но можно е“, откри Норвежанецот.