Дома Фудбал Останато Сколари открива после шест години: Заминав поради него!

Сколари открива после шест години: Заминав поради него!

Луис Фелипе Сколари се уште зборува за неговото заминување од Челзи во 2008 година.

Бразилецот пристигна на „Стенфрод Бриџ“ после седум години работа во меѓународниот фудбал, каде што ги водеше репрезентациите на Бразил и Португалија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сколари во Челзи заработи отказ во февруари 2009 година, после лошата форма на својот тим. Излезната врата му беше покажана после поразот од Ливерпул од 2:0 и ремито против Хал од 0:0.

„Стариот лисец“ сега откри дека Николас Анелка е човекот поради кој заработил отказ.

„Го имав Анелка кој игра во нападот. Деветка, најдобар стрелец во лигата, но тогаш тој ми кажа: Не сакам да играм на крилната позиција. Јас му одговорив дека некој мора да игра и дека тоа е завршена работа, но тој продолжи по свое. На крајот поради него, морав да заминам“, открива Сколари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…