Дома Македонски спорт Скендеровски во проблеми, Македонија без седуммина репрезентативци против БиХ

Скендеровски во проблеми, Македонија без седуммина репрезентативци против БиХ

Македонската футсал репрезентација утре против Босна и Херцеговина (19:00 часот, С.Ц. Јане Сандански, Скопје) и на 14. април против Романија (Темишвар) ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство. 

Селекторот Васко Скендеровски се соочува со многу проблеми со отсутни играчи за претстојните два меча. Иван Крстевски (Цико Проект) поради суспензија ќе го пропушти првиот натпревар, а поради повреди или Ковид-19 ограничувања во составот на македонската репрезентација нема да бидат Александар Глигоров (Шкупи), Даниел Де Соуса (Славија Прага), Еркан Сефери (Шкупи), Садат Зибери (Италпол), Игор Леовски (Славија Прага), Адријан Мицевски (Бетон Бојс, Минхен). 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Драган Петровиќ и Драган Ранготов се вклучени на подготовките, но нивниот настап е неизвесен поради повреди. Во составот на Скендеровски, дури претмина се дебитанти. Берат Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Железарец), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес) и Јовица Марковски (Астибо).

Голмани: Антонио Петровски (Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);

Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина), Берат Рамадани (Арбен Бајрами); 

Напад: Иван Крстевски (Проект Цико), Дарко Ранготов (Проект Цико), Мартин Тодоровски (Проект Цико), Џокица Џо Арсовски (Штутгартер 2020), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Велес), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес), Јовица Марковски (Астибо); 

– Се соочуваме со огроми проблеми во однос на играчкиот кадар, но ова е објективната ситуација и мораме да ја прифатиме. Ќе биде исклучително тешко на овие два натпревари. БиХ веќе и теоретски го обезбедија своето учество на Европското првенство, без императив доаѓаат во Скопје, но тоа е силна репрезентација и секако во вакви околности фаворит против нас. Имаме пет дебитанти во тимот и тоа е добра можност за нив да ја почувствуваат атмосферата во репрезентацијата и да се потрудат да остават позитивен впечаток. Ни преостанува да се бориме до крај и да ја искористиме шансата за добар резултат доколку ни се укаже, изјави селекторот Васко Скендеровски. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…