Дома Фудбал Италија Скандал во Италија: Алегри се заканувал на директорот на „Тутоспорт“ – знам каде да те чекам, ќе те претепам!

Скандал во Италија: Алегри се заканувал на директорот на „Тутоспорт“ – знам каде да те чекам, ќе те претепам!

Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги загуби нервите во финишот од финалето во Купот на Италија кое „старата дама“ го доби со 1:0 против Атланата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алегри иако не збеснува често, вчера тоа му се случи. Почна италијанскиот стратег да беснее на судиите и да соблекува, а наводно по натпреварот му се заканувал на директорот на „Тутоспорт“, Гуидо Вачаго.

Информацијата за заканите кон Вачаго ја пренесе и познатиот Фабрицио Романо.

„Ти си едно го*но! Напиши ја вистината во твојот весник, а не она што ти го кажува клубот, знам каде да те чекам. Ќе дојдам и ќе те претепам. Ти кажувам, напиши ја вистината“, наводно биле зборовите со кои Алегри му се обратил на Вачаго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Никој во групата на Мундијалот нема да патува повеќе од Босна!

Престојното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, што значи де…