Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Скалони се расплака: Фудбалот во Аргентина е повеќе од спорт🎥

Скалони се расплака: Фудбалот во Аргентина е повеќе од спорт🎥

Аргентина ќе се бори против Франција за трофејот на Светското првенство, а селекторот Лионел Скалони не можеше да ги сокрие емоциите пред финалето.

Колку емотивно Скалони го доживува големиот успех и пласманот на неговата селекција во финалето, говори фактот што се расплака во моментите кога зборуваше за фановите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Што им кажав на фудбалерите? Вчера зборувавме за ова и им се заблагодарив за резултатите. Нема што да се каже, тоа го велам за секој Аргентинец. Веќе сум емотивно потресен, но треба да бидеме горди на досегашните резултати“, вели Скалони.

„Фудбалот е спорт, но во Аргентина е повеќе од спорт. Уживаме заедно во сите моменти тука. Ние сме големо семејство кое не сака да се раздели. Тоа е спектакуларно“, низ солзи рече Скалони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…