Дома Фудбал Репрезентации Откриено: Скалони сака да ја напушти Аргентина поради – политиката!?

Откриено: Скалони сака да ја напушти Аргентина поради – политиката!?

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони ги потресе редовите на светските шампиони со изјавата по победата против Бразил дека размислува за заминување.

Набрзосе појавија информации од многу блиски кругови кои би можеле да бидат одговор на ваквите размислувања на Скалони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, претседателот на аргентинската фудбалска федерација Чики Тапија вршел притисок врз играчите, светските шампиони, да се фотографираат со претседателскиот кандидат Маса, сметајќи дека јавните фотографии со нив ќе му помогнат во изборот за претседател на државата.

Играчите одбиле, но притисокот на Тапија бил толку голем што стигна и до Скалони.

Селекторот најмногу се должи на тие притисоци од „политички“ тип и по победата над Бразил изјави дека „притисокот е огромен“ и дека не е сигурен дали е вистинското решение.

Играчите се со Скалони и нема да го пуштат само така да си замине, иако евидентно е дека ќе има затегнати односи меѓу претседателот на сојузот и соблекувалната, што звучи како позната тема во светот на фудбалот. ..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Баерн прави пресврт за три минути🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид играат фантастичен натпревар на „Алијац Арена“. Реал имаше …