Аргентинскиот селектор, Лионел Скалони пред полуфиналето на Копа Америка имаше необично барање тврдејќи дека сака да види европски репрезентации на јужноамериканскиот турнир.
Скалони верува дека таква ситуација би била интересна, а исто така би сакал и репрезентација од Јужна Америка да гледа на Европското првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сакам да видам репрезентација од Европа на Копа Америка, навистина ме интересира како ќе изгледа. Исто така и спротивното, наша селекција да биде дел од Европското првенство“, изјави Скалони.
Во овој момент не изгледа дека во блиска иднина ваквата желба на Скалони може да стане реалност.