Медицинска опрема и апарати во текот на целата година пристигнуваа на адресите на здравствените установи низ Македонија, како би можеле докторите непречено да се грижат за пациентите.
Како и секоја претходна, така и оваа година компанијата Mozzart одвои значителна сума за поддршка на здравствениот систем во Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемата донација која компанијата Mozzart ја реализиаше оваа година беше на Клиниката за Неврологија во Скопје. На настанот присуствуваше и министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.
Нов лик доби болницата„Ферид Мурад” во Гостивар, каде со поддршка на Mozzart, реконструирано беше педијатриското одделение, при што беа набавени нови бироа,гардероби,детски кревети,завеси,телевизори и медицинска опрема.
Обновено беше и Одделението за цистична фиброза на Детската клиника во Скопје,каде стариот и дотраен мебел ја отежнуваше работата на персоналот.Сега одделениетоима еден целосно нов лик, а вработените многу подобри услови за работа.
Mozzart и изминатите години има остварено голем број донации во здравствените установи во Македонија, како што е донација на лекови и медицински материјал во болницата во Штип, болнички инвентар за Здравствен дом Тетово за просториите за имунизација и итна помош, ЕКГ апарат за општа болница Битола и многу други.
Во 2024 година, компанијата Mozzart ќе продолжи со силната поддршка на здравството, како еден од главните столбови на општеството и заедницата.