Дома Македонски спорт Мак ракомет Сигурни победи на Вардар и Еурофарм Пелистер во Суперлигата

Сигурни победи на Вардар и Еурофарм Пелистер во Суперлигата

Eкипите на Вардар и Пелистер забележаа сигуирни победи во второто коло од машката Суперлига.

Еурофарм Пелистер беше подобар со 32:25 од Голден Арт. Битолчани веднаш ја презедоа иницијативата, но не можеа посериозно да му се одлепат на ривалот, барем не во првото полувреме кое заврши нерешено (14-14).

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Кога видоа дека нема шега, зелено-белите заиграа поангажирано и набрзо по почетокот на вториот дел дојдоа до плус шест (23-17) што им овозможи мирно доигрување на средбата и убедлив триумф.

Вардар на домашен терен беше исто така сигурен против Бутел Скопје со 30:21. Мечот тргна со егал, бутелчани дури и поведоа со 2-3, меѓутоа тоа беше единственото нивно водство. Бргу вардарци се консолидираа, фатија ритам и го свртеа резултатот. Предноста растеше, највисокото водство во првиот дел беше осум гола, а на пауза се замина со пристојни 16-12.

Ниту по полувремето Бутел не успеа да фати приклучок, сериозно заостануваше зад фаворитот и мораше да се помири со поразот.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…