Дома Фудбал Мбапе се осврна на критиките од навивачите на Реал Мадрид: „Ако го критикуваа Роналдо, кој сум тогаш јас?“

Мбапе се осврна на критиките од навивачите на Реал Мадрид: „Ако го критикуваа Роналдо, кој сум тогаш јас?“

Килиан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но не само заради играта на теренот, туку и заради неговите отворени изјави за притисокот што го носи играњето за Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Францускиот напаѓач зборуваше за Téléfoot за својот статус во Кралскиот клуб и критиките што го следат неговиот настап.

Истакна дека е свесен за очекувањата кои доаѓаат со дресот на Реал, но и дека тоа не го изненадува.

Говореше и за притисокот кој доаѓа со улогата на главна ѕвезда во клубот.

„Реал Мадрид е како религија во Шпанија. Луѓето се многу страстни и многу се зборува и шпекулира.“

Особено се осврна на критиките кои го следеа.

„Во Реал ги критикуваа сите. Роналдо, Ди Стефано, не гледам зошто јас би бил исклучок. Кој сум тогаш јас?“

Нагласи дека клучот за успехот е во смиреноста и работата на себе.

„Треба да останеш мирен, да се фокусираш на тоа што треба да се прави и постојано да размислуваш како да бидеш подобар на теренот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хорор повреда во Хондурас: На Бразилец му висеше зглобот, фудбалерите се држеа за глава (Вознемирувачко видео)

Страшни сцени го одбележаа натпреварот во Хондурас меѓу Оланча и Мотагуа, кога бразилскиот…