Доналд Серон беше поразен од Конор Мекгрегор на УФЦ 246 евентот после само 40 секунди.
Ирецот го прегази „Каубој“ во овој меч кој беше и тоа како гледан преку „ППВ“ платформата и тоа донесе богатство на УФЦ и Конор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се шпекулираше дека и Серон од преносот добил помеѓу 7 и 10 милиони долари, но тој таквите информации ги демантираше.
„Хаха 7-10 милиони? Не сум добил ниту долар од ППВ. Едно е што мислат луѓето, друга е реалноста. Го добив само фиксниот хорнорар“, напиша Серон на Инстаграм.
„Каубој“ за борбата со Конор од хорнорарот доби 200.000 долари.
Мекгрегор пак од друга страна само од борбата доби три милиони евра, а со вкупната заработка од преносот и спонзорите стигна до сума од 80 милиони долари.