Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска репрезентација генерација 2006 година и помлади, Наум Танески, го објави списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари со репрезентацијата на Црна Гора во рамки на ЕХФ машката национална недела во период од 11.03.2024 до 17.03.2024 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Собирот е закажан за ден 12.03.2024 година (вторник) со почеток 12.00 часот во Хотел Карпош Скопје.

Исто така денеска списокот на повикани ракометари го објави селекторот на генерацијата 2004 година и помалди Радослав Стојановиќ. Неговата генерација во овој период ќе одигра два контролни натпревари против Хрватска.
Собирот е закажан на ден 13.03.2024 година (среда) со почеток во 13:00 часот во Хотел
Карпош во Скопје.
