Серхио Рамос е слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ, а во изминатиот период се шпекулираше дека ќе се пресели во Севиља.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неговата желба беше да се врати онаму каде што започна, во Севиља, но нема да му се исполни желбата.
„Серхио Рамос е фантастичен фудбалер и потекнува од нашата фудбалска школа. Но, тој во моментов не е опција за Севиља, помеѓу нас и него нема ништо“, изјави потпретседателот на Севиља, Караско.
Со ова Севиља дефинитивно ја затвори вартата од Рамос, кој има понуди од МЛС лигата и од Саудиска Арабија.