Средниот бек на македонската репрезентација Немања Прибак на синоќешниот тренинг го свиткал скочниот зглоб, а денеска се чекаат дополнителните прегледи да ја потврдат сериозноста.
Ова се први проблеми за селекторот Раул Гонзалес,на денешниот тренинг Прибак мируваше,а до вечер ќе се знае дали Прибак ќе патува со тимот во Србија на двата пријателски натпревари против Саудиска Арабија (утре) и Србија (петок).
Коментари