Дома Фудбал Италија Се огласија од Серија А: Пиоли ќе добие нов медал

Се огласија од Серија А: Пиоли ќе добие нов медал

Милан синоќа после цели 11 години повторно го освои Скудетото и стана нов италијански шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После победата на гости кај Сасуоло настана вистинска лудница на теренот и втрчаа многу навивачи.

Во тие моменти некој му го украл медалот на тренерот Стефано Пиоли, кој е еден од најзаслужните за овој успех на „росонерите“.

„Ми го украдоа медалот, некој ми го зема од врат. Можеби ќе испратам жалба, тој е единствениот кој го имам“,изјави Пиоли по мечот.

Денес се огласија од Серија А и му порачаа на Пиоли да не се грижи и дека веќе изготвиле нов медал за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англичаните останаа без важен фудбалер пред натпреварот со Хрватска, Тухел повика замена

Англиската репрезентација се соочува со проблем со составот пред почетокот на Светското пр…