Објавено и соопштение по повод шокантните информации на „Л’Eкип“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како „гром од ведро небо“ одекна вчерашната вест на „Л’Екип“ дека натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Црвена Звезда (6:1) во Лигата на шампионите наместен.
Јасно и Звезда и ПСЖ таквите информации остро ги демантираа и убедуваа во регуларноста на натпреварот.
Веста многу брзо се рашири низ целиот свет, а Звезда со образложение дека и е нарушен угледот се закани и со тужби.
Вечерва „Л’Екип“ на својот сајт објави и уште една информација на оваа тема. Имено, се огласила француската Лига (ЛФП) која во своето соопштение пружа поддршка на ПСЖ и претседател Насер Ал Келаифи.
Во соопштението помеѓу останатото се наведува и дека се убедени во праведен исход и дека УЕФА ќе го истражи овој случај.
„Овој случај ги вклучува и луѓето од српскиот клуб. ЛФП потсетува дека етиката и интергитетот на натпреварувањето се две основни вредности на францускиот професионален фудбал и како таква, Лигата активно учествува во антикорупциските програми“, стои помеѓудругото во соопштението.
La LFP soutient le PSG et assure sa confiance en la justice et l'UEFA
? https://t.co/2EY7oAHI93 pic.twitter.com/qpXN91fydP— L'ÉQUIPE (@lequipe) October 13, 2018