Дома Фудбал Германија Румениге: Флик сигурно останува во Баерн

Румениге: Флик сигурно останува во Баерн

Директорот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге зборуваше за иднината на тренерот Ханзи Флик.

Во последно време се појавија шпекулации дека Флик може да го преземе националниот тим, но Румениге е категоричен дека тој останува во Баерн.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„Ханзи останува 100%. Секогаш сум велел дека изборот на тренер е најважен и ние имаме договор со него. Оваа тема воопшто не постои. Ако треба да бидам искрен, Бироф претендира да биде модернизатор на Сојузот, но се што се критикува е поврзано со неговото име“.

„Притоа, сметам дека не е фер кон актуелниот селектор Јоаким Лев да се зборува за нов селектор. Немаме намера ние да ги решаваме проблемите во Германскиот фудбалски сојуз. Флик сигурно останува“, јасен беше Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Трансферот на Субименди во Арсенал под прашање

Играчот на Реал Сосиедад Мартин Субименди навестува дека уште не е јасно каде ќе игра след…