Денес на еден ден пред последниот натпревар од квалификациската група против Казахстан, женската А репрезентација го одработи официјалниот тренинг во студениот Алмати.
Ниту големата временска разлика, ниту ладното време не го расипаа доброто расположение на репрезентативките и стручниот штаб и нивната решеност да ги донесат во Македонија трите бодови.
„Сакам само да кажам дека сме подготвени за утрешниот натпревар и комплетно сме фокусирани. Добро го познаваме пртивникот и нивниот начин на игра, и сигурна сум дека со екипита ќе го дадеме максимумот за да ја донесеме победата“ изјави Гентијана Рочи.
„Утре е последниот натпревар од овие квалификации за Европско Првенство. По неколкудневните подготовки се чувствуваме спремни да го одиграме овој натпревар и сите посакуваме победа. Знаете дека ни недостасуваат неколку првотимки поради позитивни тестови за КОВИД 19 – па утрешниот натпревар ќе им го посветиме на сите оние кои мораа да останат дома, на играчитге и селекторот. Ние посакуваме победа и се надевам дека ќе се вратиме со позитивен резултат. И покрај ладното време и големата временска разлика нема да се предадеме и храбро ќе пристапиме на натпреварот“ кажа Наташа Андонова.