Лионел Меси вчера третпат во кариерата успеа да ја освои наградата на ФИФА за играч на годината.
Голем дел од јавноста не се со согласува со изборот, меѓутоа Аргентинецот го доби признанието бидејќи за него гласаа најголем дел од селекторите и капитените. Меси своите гласови ги дал за неговиот главен конкурент Халанд, потоа Мбапе и соиграчот од репрезентацијата Хулијан Алварез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како капитен на Франција, Мбапе гласал за Меси, па Халанд и Де Брујн. Кристијано Роналдо одбил да гласа како капитен на Португалија, па место него тоа го направил дефанзивецот Пепе. Пепе на прво место го ставил Бернардо Силва, па Халанд и Осимен.