Дома Фудбал Репрезентации „Роналдо е уникатен фудбалер, бројките и фактите се доказ за тоа“

„Роналдо е уникатен фудбалер, бројките и фактите се доказ за тоа“

Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Роберто Мартинез по натпреварот против Луксембург истакна дека Роналдо останува дел од неговите планови.

Португалија го победи Луксембург со 6:0 на гостински терен, а Роналдо постигна два гола. Португалецот стана и рекорд по бројот на настапи за националниот тим со 198 натпревари.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Кристијано е единствен играч во светот, со најголем број настапи за репрезентацијата. Бројките и фактите покажуваате дека тој е уникатен.

Сите играчи имаат важност во соблекувалната, младите поради желбата и мотивацијата, а Кристијано, Руи Патрисио и Бернардо Силва носат искуство. Важно е да имате комплетна соблекувална“, изјави Мартинез.

Следниот натпревар во квалификациите, Португалија ќе го игра на 17-ти јуни против селекцијата на Босна и Херцеговина на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфинал…