Дома Фудбал По нападите врз Ријад: Роналдо побегнал со приватниот авион од Саудиска Арабија? (Фото)

По нападите врз Ријад: Роналдо побегнал со приватниот авион од Саудиска Арабија? (Фото)

Приватниот авион на Кристијано Роналдо, вреден 70 милиони евра, замина од Саудиска Арабија среде ноќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова поттикна шпекулации дека фудбалската суперѕвезда можеби бега поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Ријад, каде што Роналдо живее со партнерката Георгина Родригез и нивните пет деца, е погоден од ирански бомби, додека борбите влегуваат во четвртиот ден.

Американската амбасада во саудиската престолнина беше погодена од два дрона во текот на ноќта, додека иранските државни медиуми изјавија дека командната зграда во Бахреин исто така е уништена.

Странските државјани масовно го напуштаат Блискиот Исток, а на интернет се појавија информации дека авионот на Роналдо летал кон Мадрид.

Според податоците од сајтот Flightradar24, авионот летал над Египет и Средоземното Море пред да пристигне во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ѝ даде гол на Рига, па брзо прими два – губи на полувреме! (Видео)

Фудбалерите на Вардар на полувреме против Рига имаат негатива од 2-1 на натпреварот во Ско…