Дома Фудбал Повредата на Роналдо е посериозна отколку што се мислеше, отпатувал на лекување во Шпанија

Повредата на Роналдо е посериозна отколку што се мислеше, отпатувал на лекување во Шпанија

Тренерот на Ал-Наср, Жорже Жезус, објави дека повредата на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е посериозна отколку што претходно се мислеше.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тренеот на Ал-Наср ги соопшти најновите информации за здравствената состојба на својот најдобар играч на прес-конференција, потенцирајќи дека Роналдо нема да биде достапен за тимот во следниот период.

“Во последниот натпревар ја напушти играта поради болка во мускулите. Откако ги направивме испитувањата, стана јасно дека повредата е посериозна отколку што се очекуваше и бара одмор и рехабилитација,” изјави Жезус.

За да ја прими потребната терапија, Португалецот отпатува во Шпанија, каде што ќе продолжи со лекувањето.

“Кристијано замина во Шпанија, што беше случај и со други фудбалери пред него. Неговата повреда бара специфичен третман во Мадрид од страна на неговиот личен специјалист. Се надеваме дека наскоро ќе се врати и ќе му помогне на тимот,” додаде тренерот на саудискиот клуб.

Ал-Наср ќе мора да ги одигра следните натпревари без нивниот најдобар стрелец, додека го исчекуваат неговото целосно закрепнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како да типувате на Светско првенство 2026? Погледнете на Kladenje.mk! (Видео)

Светското првенство 2026 ќе биде најголемото во историјата на фудбалот. За првпат ќе учест…