Дома Останати Кошарка Најпознатиот НБА инсајдер открива нови информации за Леброн: Може ли да се пензионира оваа сезона?

Најпознатиот НБА инсајдер открива нови информации за Леброн: Може ли да се пензионира оваа сезона?

Леброн Џејмс на возраст од 41 година продолжува да изведува потези кои ретко кој ги прави дури и во најсилниот период од кариерата. Неговите напори на теренот против Денве, екипа која се бори за титула, ја покажуваат неговата издржливост, иако се зголемуваат шпекулациите за неговата пензија. Според НБА инсајдерот Шамс Чаранија, одлуката за иднината на кариерата на Леброн сè уште не е донесена, но во лигата постои чувство дека ќе одигра најмалку уште една сезона.

Џејмс веќе постигна една голема желба, играше заедно со својот син Брони во Лејкерс, а оваа сезона заедно со Лука Дончиќ се обидува да го освои и трофејот. Прашање останува што е неговата следна мотивација, петтата титула или можеби моментот кога и неговиот втор син, Брајс Џејмс, би стигнал до НБА, пишуваат американските медиуми.

Лејкерс моментално се наоѓаат на третото место во Западната конференција. Иако изгледа дека сè се одвива според планот, Џејмс е свесен дека добрите резултати во регуларната сезона често не значат многу во плејофот. Според зборовите на Шамс Чаранија за ЕСПН, одлуката на Џејмс ќе зависи од тоа дали смета дека уште една година во борба за титула со тренерот Џеј Џеј Редик и Лука Дончиќ е доволно вредна напор и ризик за неговото здравје.

“Леброн сè уште не одлучил дали ќе продолжи да игра. Чувството околу него и во лигата е дека ќе одигра барем уште една сезона. Како ќе заврши сезоната на Лејкерс ќе биде голем фактор за неговата иднина,” изјави Чарани во емисијата „Get Up“ на „ЕСПН“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…