Дома Фудбал Каземиро во Серија А, следна дестинација – северна Италија!

Каземиро во Серија А, следна дестинација – северна Италија!

Како што откри Мирко ди Натале, новинарот на Тутоспорт, Каземиро, фудбалерот на Манчестер јунајтед е понуден на италијанските великани.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната и е слободен во изборот на нова средина.

За неговите услуги заинтересирани се Милан и Јувентус. Веќе се пишување дека на наговор од Модриќ Каземиро може да премине во Милан, но останува да видиме кој ќе понуди подобра понуда од овие два клуба.

Каземиро има 34 години. Пред Манчестер јунајтед настапуваше за Реал Мадрид и со него освои петпати Лигата на шампиони.

Покрај Реал, играше и за Порто и Сао Пауло.

Оваа сезона на 28 натпревари во Премиер лигата постигна седум гола и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен договори ѕвезда на Мароко за 55 милиони евра (Фото)

Германскиот гигант Баерн Минхен го договори трансферот на мароканскиот репрезентативец Исм…